Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

„Oдговорно слави го успехот“ – превентивна кампања на МВР со матуранти

Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, реализираат превентивна кампања со матурантите од сите средни училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“.

Целта на оваа кампања е на афирмативен и позитивен начин да им се укаже на младите дека полицијата е тука за нив – не само како институција што се грижи за безбедноста, туку и како партнер и поддршка во најважните и најсреќните моменти од нивниот живот.

Како што информираат од МВР, преку работилници, трибини и тркалезни маси, со младите се отвораат важни теми кои директно влијаат врз нивната безбедност, личен развој и правилно носење одлуки.

Реклама

-Се обработуваат прашања поврзани со спречување на семејно насилство, малолетничка деликвенција, злоупотреба на дрога, безбедно учество во сообраќајот, трговија со луѓе, врсничко насилство, како и други предизвици со кои младите се соочуваат во секојдневниот живот, нагласуваат од МВР.

Полицијата им го честита постигнатиот успех на матурантите, истовремено потсетувајќи ги дека вистинската зрелост не се покажува само преку успехот, туку и преку чувството на одговорност, почитта кон себе и другите, како и способноста правилно да се избере патот по кој ќе се чекори понатаму.

-Да се слави успехот е убаво и заслужено, но уште поважно е тоа да се направи достоинствено, безбедно и со свест дека одговорноста е една од најважните карактерни особини на секој млад, зрел и позитивен човек, велат од полицијата.