Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Одбраната најави жалба за пресудата за „Геријатрија“, Обвинителството смета дека вината е докажана

Адвокатот Скендер Мехмеди, бранител на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатот Скендер Мехмеди, бранител на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Мухсин Арифи и на Блерим Амити, вработен во установата, изрази незадоволство од пресудата за двајцата обвинети во случајот „Геријатрија“ и најави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје.

– Не сум задоволен од висината на казната која што беше изречена за двајцата обвинети и следствено на тоа, наше право е да поднесеме жалба и ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд – Скопје, изјави Мехмеди, откако денеска Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна од четири години на Арифи и една година и десет месеци на Амити.

Според него, судот при донесувањето на пресудата можел повеќе да го цени однесувањето на обвинетите, особено во делот на одлуката за притвор.

Реклама

– Во однос на притворот, исто така, не сме задоволни, бидејќи сметаме дека согласно висината на казната, начинот на извршување и сите околности во предметот, како и однесувањето на самиот обвинет, во услови кога едниот обвинет се брани од слобода, судот можеше во најмала рака да изрече мерка куќен притвор или други мерки за обезбедување, рече Мехмеди.

Прашан како го коментира тоа што при образложението на пресудата, судијката Ленка Давиткова посочи дека делото било извршено на дрзок начин, Мехмеди кусо одговори дека ќе коментира откако писмено ќе ја добие пресудата. – Кога ќе ја добиеме писмено пресудата, повеќе ќе коментираме, рече Мехмеди.

Од друга страна, обвинителката Искра Хаџи-Василева која што го води случајот, изјави дека Обвинителството е задоволно од тоа што Судот ги прифатил аргументите и што е докажана вината на обвинетите.

– Денес беше објавена пресудата во овој предмет. Изречена е четиригодишна затворска казна за првообвинетиот Мухсин Арифи и една година и десет месеци за второобвинетиот Блерим Амити. Обвинителството е задоволно што Судот ги прифати аргументите и успеа да ја докаже вината на обвинетите, рече Хаџи-Василева.

Во однос на висината на казните, посочи, дека Обвинителството ќе го почека писменото образложение на пресудата.

– Во однос на казните, ќе ја почекаме писмено изготвената пресуда, ќе ги разгледаме причините подетално и потоа ќе заземеме став дали вака изречената казна е доволна, изјави Хаџи-Василева.

Судијката Давиткова, пак, при образложувањето на пресудата денеска посочи дека судот ги имал предвид сите околности кои се однесуваат на индивидуализацијата на казната, истакнувајќи дека како отежителни околности судот ги ценел видот, карактерот и тежината на кривичните дела, начинот на нивното извршување, условите под кои се сторени, како и фактот дека делата се сторени со цел стекнување материјална корист. 

Давиткова додаде дека судот ја ценел и опасноста од повторување на кривични дела, степенот на кривичната одговорност на обвинетите, организираноста и упорноста при извршувањето, како и искористувањето на тешката здравствена и социјална состојба на сведокот во конкретниот случај. 

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба во установата со која раководел. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен на самото место од полицијата.

Судскиот процес го водеше судијката Ленка Давиткова, а обвинението го застапуваше обвинителката Искра Хаџи Василева. Против пресудата странките имаат право на жалба во законски предвидениот рок.