Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Одбележување на 1700-годишнината од одржувањето на историскиот Прв вселенски собор

Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи.

„Присуството на македонски епископи на овој Собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница.

Токму заради тоа, во сабота, на 31.5.2025 г. денот спроти Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ ќе се отслужи Света Божествена Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство“, се наведува во соопштнието на МПЦ.

Реклама

-Ги повикуваме сите православни верници од нашата Татковина Македонија да го збогатат со своето присуство овој светол и свечен настан, со што во заедничка радост, соборно ќе ја прославиме 1700-годишнината од одржувањето на историскиот Прв вселенски собор, соопшти МПЦ.