Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска ќе го одбележи 23 Март –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска ќе го одбележи 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Одбележувањето во кое УХМР се вклучува како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, годинава е на тема „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“.

По тој повод, како што посочуваат од УХМР, во пораката на генералниот секретар на СМО се нагласува значајната улога на Националните хидрометеоролошки служби.

-Систематското следење на времето, климата и водата, прецизните мерења и квалитетните податоци се основа на системите за рано предупредување и климатски услуги што спасуваат животи, ги намалуваат штетите и ја поддржуваат долгорочната отпорност на општеството, велат од УХМР.

Реклама
Силен топлотен бран повторно го зафати јужниот и источниот дел на Австралија, со што се зголеми ризикот од пожари, а австралискиот Завод за метеорологија очекува во следните денови температур

Нагласуваат дека континуирани и организирани мерења започнуваат во 1947 година кога со одлука за основање на Хидрометеоролошка служба во Македонија е воспоставена мрежа на метеоролошки и хидролошки станици. Денес, милиони набљудувања и мерења се собираат низ целиот свет од страна на илјадници копнени станици за набљудување, океански пловки, бродови, авиони и сателити како дел од Светскиот интегриран глобален систем за набљудувања на СМО (WIGOS -World Integrated Global Observing System and WHOS World Hydrological Observing System). Во овие Светски интегрирани глобални системи секојдневно придонесува и УХМР преку мерењата и набљудувањата на Националната метеоролошка и хидролошка мрежа.

-Во време на се почести и интензивни суши, топлотни бранови, бури и поплави, сигурните метеоролошки и хидролошки податоци директно придонесуваат за заштитата на граѓаните и стабилното функционирање на системите за транспорт, енергетика, земјоделство, управување со водите и цивилна заштита. Ваквите информации овозможуваат навремено дејствување и значително намалување на ризиците и штетите врз луѓето, имотот и инфраструктурата, потенцираат од УХМР.