Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Одбележан Водокрст во црквата Пресвета Богородица во Тетово, традицијата бележи 40 годишен јубилеј

Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Златоустова литургија. По Литургијата беше извршен голем Богојавленски водосвет и според традицијата беше спуштен крстот во водите од базенот во дворот на храмот.

По крстот скокнаа тројца верници, 48 годишниот Далибор Кузмановски, 46 годишниот Андреја Ристовски и 29 годишниот Дарко Трајчевски. Најмладиот од нив, Дарко Трајчевски успеа да го фати осветениот крст.

– По прв пат се фрлам по крстот и по прв пат го фаќам. Им посакувам прво здравје, среќа, мир и љубов на сите, изјави Дарко Трајчевски.

Реклама

За време на Литургијата, владиката г. Јосиф беседеше за празникот посочувајќи дека во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост, но бидејќи денес е Недела се благословува пост на масло.

– Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примиле христијанството. Во Светата Црква се познати две осветувања на вода: големо и мало. Големото осветување се врши два пати во годината: токму во денешниот ден, на Водопост, во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, за што се сеќаваме на крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан, во кое Црквата го гледа прототипот на очистување на гревовите, но и вистинско осветување на природната вода со присуството на Бога. Значи, во овој ден и во утрешниот ден се извршува Големо осветување на водите. Постои благочестиво предание овде во Тетово, на овој и утрешниот ден со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа, и водата осветена утре, се користи преку целата година, за по нејзината моќ здравите да се укрепат, болните да се исцелат, демоните да се изгонат, истакна владиката.

Годинава, оваа традиција во Тетово бележи јубилејни 40 години како е оформена.

-Традицијата за голем водосвет и спуштање на осветен крст во црковен базен ден пред Водици на Водокрст во оваа тетовска црква Пресвета Богородица е почната во 1986 година, со благослов на тогашниот владика г. Кирил. Изграден беше нов базен со ангажирање на дијаспората во Америка, пред сè со донација на Мишко Васовски, иселеник од населбата Горно маало каде што се наоѓа црквата во Тетово. Од тогаш секоја година редовно до сега се одбележува празникот на ден пред Водици, вели Небојша Недељковиќ, член на црковниот одбор.

Единствено во Тетово чинот на спуштање на крстот се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици. Утре на Водици централното одбележување е во соборната црква Свети Кирил и Методиј каде празничната литургија почнува во 8 часот, а осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен околу 10 часот.