Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Одбележан Виолетовиот ден-Денот на лицата со епилепсија во Делчево

По повод 26 Март – Денот на лицата со епилепсија, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 26 Март – Денот на лицата со епилепсија, денеска во Делчево се одржа настан со цел подигнување на јавната свест, намалување на стигмата и унапредување на разбирањето за оваа состојба. Беа организирани едукативни активности, стручни обраќања и практична презентација за укажување прва помош при епилептичен напад.

Настанот го отвори градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека ваква активност за првпат се организира во Делчево, по повод Светскиот ден на лицата со епилепсија, познат како Виолетов ден, кој ја симболизира солидарноста, поддршката и разбирањето.

– Овој ден нè потсетува дека зад секоја дијагноза стои човек со свои соништа, способности и право на достоинствен и исполнет живот. Секое дете заслужува да го живее своето детство и да има услови за понатамошен раст и развој. Затоа, како заедница, треба да градиме општество со повеќе разбирање, солидарност и поддршка за лицата кои живеат со епилепсија. Нашата обврска е да придонесеме кон подигање на свеста, намалување на предрасудите и создавање услови секој човек да се чувствува прифатен и рамноправен. Само со информираност, хуманост и заедништво можеме да изградиме средина во која различностите се почитуваат, а поддршката е секогаш присутна – нагласи Гоцевски.

Реклама

Тој додаде дека обврска на општеството е да им се помогне на сограѓаните кои се соочуваат со оваа состојба, потенцирајќи ја потребата од континуирана грижа – од дијагностика до итни медицински интервенции, како и редовна терапија и лекување. Воедно, ги охрабри надлежните во Здравствениот дом во Делчево да се посветат на обезбедување соодветни апарати и третмани, со цел пациентите да можат да ги добиваат потребните услуги во локалната средина.

Присутните граѓани имаа можност да се информираат за предизвиците со кои се соочуваат лицата со епилепсија, како и да стекнат основни знаења за правилно постапување во ситуации кога е потребна итна реакција.

Настанот беше организиран од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Делчево, во соработка со Општина Делчево, Здружението „Гоце Делчев“ Делчево и СОУ „М.М. Брицо“ Делчево.

Од страна на организаторите беше упатена порака дека заедничките напори се клучни за создавање на поинклузивно и поддржувачко општество, каде лицата со епилепсија ќе бидат прифатени без предрасуди.