Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Од утре пензионерите со зголемени пензии од 2.500 денари

На сметките на над 300 илјади пензионери утре ќе легнат зголемени мартовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На сметките на над 300 илјади пензионери утре ќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари. На некои пензионери зголемените примања преку некои банки им беа достапни на трансакциските сметки уште од петокот на 28-ми март. Тие се задоволни од покачувањето. Со зголемувањето на пензиите минатата есен од 2.500 денари, веќе имаат поголеми примања за 5 илјади денари за само 8 месеци. Велат дека животниот стандард значително им се подобрува. Сметаат дека е добро решение линеарното, а не процентуалното покачување на пензиите, бидејќи, според нив, тоа е најправичната опција и тоа најмногу им одговара на оние со најниски примања.

Пензионерите велат дека ваквиот тренд на зголемување на пензиите ќе мора да продолжи, ако власта сака да го одржи животниот стандард на најстарата категорија граѓани. Храната и лековите поскапеле многу повеќе од официјалната стапка на инфлација, па тие сметаат дека линеарното покачување на нивните примања колку толку го ублажува ценовниот удар врз нивните џебови.

За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите. Премиерот Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Определба на оваа владина гарнитура останува рамниот данок. Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот планирани е тие да бидат покачени за 40 – 50 проценти.