Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Од Шар Планина до највисоките светски врвови: Сашко Кедев ги сподели искуствата од 14-те искачувања над 8000 метри

Искачувањето на 14 светски врвови над 8000 метри надморска височина, академик Сашко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искачувањето на 14 светски врвови над 8000 метри надморска височина, академик Сашко Кедев го раскажа пред голем број присутни вчера во Тетово, зборувајќи речиси три часа во салата во поранешниот Дом на Армијата. На почетокот тој образложи дека љубовта кон планините се родила токму на Шар Планина.  

-Јас на некој начин сум поврзан со Тетово, со Шар Планина, со пријателите, бидејќи тука и почнаа моите први искуства со планинарење на овие поголеми височини за наши услови. Најголем дел од подготовките беа тука. За почеток, првпат со Јове и Надир бевме на Мон Блан 2006, а на враќање го видовме Матерхорн, ме импресионираше, па почнав одредени подготовки. Во 2007 имав едно импресивно патешествие на Матернхорн, едно големо животно искуство, за после Надир да ми понуди да одиме на Аконкагва. Тогаш за мене беше нешто многу далечно сето тоа, меѓутоа некако отидовме заедно. И на тој начин влегов во „филмот“ на седумте највисоки врвови на секој континент, посочи Кедев.

Од 2006 година до 2009 година Кедев се има искачено на седумте највисоки врвови на сите континенти. Меѓу седумте е и највисокиот светски врв на 8848 метри, но и највисок во Азија, Монт Еверест на Хималајските планини, кој го освои 2009 година. Потоа преостанатите 13 врвови кои се над 8000 метри надморска височина успеал да ги искачи од 2021 до 2025 година. 

Реклама

-Суштината во животот е чистата мотивација. Чиста мотивација значи да правиме нешто без калкулации, без математика, без некој цел кон себепромоција врз основа на вакви авантури. Секој што во животот ќе ја најде чистата мотивација му се отвораат многу врати во животот, нови перспективи. Тој концепт го споделивме минатата година на настан со фондацијата на Новак Ѓоковиќ. Мислам дека чистата мотивација длабока и искрена желба за постигнување го донесе и Новак Ѓоковиќ на тоа место, истакна Сашко Кедев, потсетувајќи се на зборовите на духовен лидер во Непал. 

Тој презентираше и детали од секое од 14-те искачувања на врвовите,  зборувајќи за најголемите  предизвици, соработката со помагачите (шерпаси, портери, водичи), како да се поминат часови на места каде има многу снег, мраз и ниски температури. Посочи дека кога човек ќе се најде на овие планини се соочува и со сопствената но смртта на другите. Сподели и разни анегдоти и со каква радост групите стигнувале на овие врвови. 

Една од главните пораки на Кедев е дека за вакви но и слични достигнувања човек треба да создава лична енергија. 

-Човекот има најголема животна енергија во детството. Тоа е причина зошто децата се енергични, весели, среќни, радосни, без причина. Со тек на време, си ја губиме енергијата, па имаме отсуство на мотивација во животот, намалување на когнитивните способности. Добрата работа е во тоа што енергијата може да се „полни“. Секој човек има животен круг, кој укажува дека секој може да најде начини на полнење на животната енергија и чистење на таа што се вика негативна карма. Еден од начините за чистењето и отстранување на негативната карма е прифаќањето на ризик и опасност, интензивна физичка активност, кој колку може. Тоа е начинот на којшто си ја полниме животната енергија се ослободуваме од токсичноста, рече Кедев.  

Сашко Кедев по професија е интервентен кардиолог.  Роден 1962 година во Штип.