Реклама

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Македонија

Од покачувањето на платите во здравството,пред се во примарното нема да добијат само лекарите, туку и пациентите

Повисоки плати, поквалитетна здравствена заштита, сериозен скринининг на пациентите во примарното здравство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати, поквалитетна здравствена заштита, сериозен скринининг на пациентите во примарното здравство и поголема мотивирност кај лекарите – ова се клучните бенефити од зголемувањето на капитацијата на матичните доктори по општа медицина гинекологија и стоматологија. Лекарите ја поздравуваат финансиската инекција од Владата, и велат дека тоа ќе биде оправдано.Тие се  првата борбена линија за здравјето на пациентите, и затоа според нив секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга и  рано откривање на определени заболувања што е од огромно значење за превенцијата.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вели дека со растот на финансиите во примарното здравство се зголемуваат очекувањата за работата и продуктивноста на лекарите. А треба да се намалт и бирократските процедури за отворање на нови амбуланти..

“Прагот на пензионирање што ќе ни се случува во следните години овој дефицит на старосната структура на матичните лекари е релативно неповолна..и следните години многумина ќе заминат во пензија ние мораме да се спремаме за тој момент.Фокусот во моментот е како да се олесни преносот на постоечки ординации на младите доктори тоа не е едноставна постапка” вели Клековски.

Реклама

Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 година кога бодот изнесувал 63 и 48 денари.