Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Од почетокот на годината во „Систем 48“ граѓаните на Струмица најмногу пријавувале проблеми со уличното осветлување

За 22 денови од оваа година до операторите на општинскиот сервис за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 22 денови од оваа година до операторите на општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ пристигнале вкупно 55 пријави, а од нив најголем број-47 се за уличното осветлување, две за собирање смет и исто толку за водовод и канализација и по една пријава за општински инспекциски служби и паркови и зеленило, соопштија од Општина Струмица.

 Пријавите се доставени до надлежните општински служби. Дел се решени, а останатите се во фаза на решавање бидејќи за нив е потребно повеќе време од 48 часа, а лани до овој сервис биле доставени вкупно 1.153 пријави, од кои најголем дел се решени.

-„Систем 48“ функционира 14 години и се покажа како корисен информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица, кој предвидува решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа, се наведува во сопштението на локалната самоуправа.

Реклама

Оттаму потсетуваат дека на бесплатните телефонски броеви 0800 148 48 и 076/484-848 граѓаните може да пријавуваат проблеми од областа на уличното осветлување, општински инспекциски служби, собирање смет, водовод и канализација, улици, патишта и тротоари, урбана опрема, паркови и зеленило, кучиња скитници и сообраќајна сигнализација. По пријавувањето, операторите во „Систем 48“ барањето на граѓаните ќе го проследат до надлежните општински служби, а во рок од 48 часа ќе добијат одговор, конечно решение или поведена постапка за решавање на нивното барање.

Се додава дека градоначалникот Петар Јанков ги охрабрува граѓаните на Општина Струмица помасовно да ги користат услугите на „Систем 48“ и да ги пријавуваат проблемите со коишто се соочуваат и ги забележуваат, а општинските служби веднаш ќе пристапат кон нивно решавање.