Реклама
Македонија

Од „нема промена на името“ до „Алфа фејк њуз“?! – СДСМ тоне во сопствените контрадикторности

Додека ТВ Алфа секојдневно ја обвинуваат за „фејк њуз“, токму СДСМ наликува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека ТВ Алфа секојдневно ја обвинуваат за „фејк њуз“, токму СДСМ наликува на класична фабрика за лажни вести. А бројот на теми на кои намерно или ненамерно ги излажаа луѓето е далеку од мал. Од немало да го менуваат името на државта, па до Формула 1 во Македонија, преку вработување 300 пилоти од Арачиново, па десетина добиени датуми за старт на преговори со ЕУ…

Креативноста на ПР тимот на социјалдемократите за работи кои ги кажале, но никогаш ги немало е и повеќе од голема. Една од лажните вести, можеби звучи и помалку смешно, дека во Македонија ќе имало Ф1 патека.

“Овде е планирано да биде изградена првата стаза за Формула 1 која што треба да отвори туристички можности” – вели Зоран Заев поранешен претсдател на СДСМ.

Реклама

Во желбата да дојдат и да ја задржат власта имаше и други нереални ветувања, кои самите луѓе си ги кажаа. Во овој случај арачиновци, на кои им било ветувано дека ќе се вработуваат пилоти од скопско Арачиново.

“Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилоти од Арачиново. Му рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти. Овие што се на власт сега, СДСМ, да.” – вели жител на Аричиново.

Тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев се обидуваше и да биде смешен кога некои предупредуваа дека ќе го променел името на државата.

“И цело време го донеле Заев да го продаде името, ајде мајката, изјави Заев во минатото” – Зоран Заев поранешен претседател на СДСМ.

Како опозиционер се колнеше и дека нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото.

Македонија промени името со цел членство во НАТО и старт на преговори со ЕУ, првото го добивме, но второто се уште го нема, иако власта предводена од СДСМ неколку пати дека датумот за преговори веќе сме го добиле.

Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската унија. Историската грешка е исправена, нема веќе никакви пречки, ниту услови. Првата меѓувладина конференција ќе се одржи што може, кажа во март Заев.

Заев се фалеше и од авион преку пост на социјалните мрежи.

Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!, се фалеше Заев од авион.

Во стил на својот близок пријател и очигледно политички ментор и додека беа колеги во Владата беше и сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, кој праксата ја продолжи и сега како прв човек на партијата. Додека беше министер за здравство, Македонија меѓу последните доби вакцини за ковид 19, иако ветувано беше друго. На крајот на 2020-та година тогашниот министер ветуваше дека Македонија ќе добие вакцини во јануари 2021-ва. Сепак, првите вакцини во Македонија пристигнаа на половината на февруари и тоа не по заслуга на тогашните власти, туку како донација од Србија.

Потоа Филипче чекаше на Ковакс системот, кој требаше Македонија да ја обезбеди за имунизација во првите три месеци, за потоа на тоа да се чека од април па натаму.

За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолжи, но до крајот на овој месец и почетокот на следниот очекуваме да профункционира КОВАКС-системот, очекуваме околу 100.000 вакцини, рече министерот.

Последната голема лажна вест со која СДСМ се обидоа да предизвикаат паника кај граѓаните е дека ќе се увезувале мигранти од Велика Британија, што беше демнтирано од официјален Лондон.

СДСМ ги лажеше граѓаните и кога ги објавуваше оние т.н. бомби односно нелегално снимени разговори. Тогаш се ветуваше дека тие ќе откриеле некоја нова вистина за случите Смилковско езеро, Мартин Нешковски, како и трагичната смрт на новинарот Никола Младенов, нешто што никогаш не дојде.