Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Од „добри“  во „многу добри“ : Просечната оценка од полагањето државна матура годинава малку повисока од лани

Подобар успех на државната матура од лани и помалку препишувачи. Просечната оценка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобар успех на државната матура од лани и помалку препишувачи. Просечната оценка на државната матура е 3.69 за разлика од лани кога изнесуваше 3.26

172 ученици препишувале на матурата, и тие ќе имаат право повторно да полагаат во август. Подобриот успех не се должи на полесни прашања, напротив прашањата биле и потешки но, концепирани да бидат полесно разбирливи. Според министерката Весна Јаневска има сеуште многу што да се менува за да се подобри образовниот систем, но важно е дека промените започнале и веќе се гледаат првите резултати

Подобри резултати се забележани на испитот по мајчин јазик, но значително повисоки се по математика. Минатата година на тестот по математика оценката била 3,73, а годинава 4.14 или 651 ученик од вкупно 1.239 кои полагале математика добиле петка. Од државниот испитен центар изразуваат задоволство за успешно реализираната матура како и за повисоката оценка

Реклама

Годинава за полагање се пријавиле 15 004 ученици, а не дошле на испит помалку од 3 отсто. Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе  полагаат во августовската сесија на 12 и 14ти август. За двата дена пријавени се вкупно 1118 ученици.