Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Од дијализа до нов живот: Пациентите бараат поголема свест за органодарителство

Бубрежно болните кои живеат на дијализа единствен спас гледаат во трансплантација. 33…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бубрежно болните кои живеат на дијализа единствен спас гледаат во трансплантација. 33 годишната Бранкица Размоска шанса да си го промени животот и да се спаси од апаратите за дијализа, гледа во транплантација на бубрег од кадавер, односно од починат донор. Таа е на листата на чекање веќе седум години.

Шанса за поквалитетен живот исто како Бранкица чекаат околу 100 -тина пациенти.  Ацо Петковски и Сунчица  Петровска пред една година ја поминале операцијата за трансплантација на бубрег, па сега велат дека животот им е многу полесен, за разлика од маките кои ги тегнеле по болниците на дијализа.

Пациентите бараат современи лекови и поголем број на кадаверични трансплантации.Од надлежните добија подршка и најава дека наскоро ќе има и нова современа терапија која, ако се оди според планот, ќе биде на позитивна листа.

Реклама

Од министерството за здравство вчера најавија дека ќе се менува законот за трансплантација на органи. Новина ќе бидат донорски картички. Со сегашното решение, некои од потенцијалните донатори се премислуваат со што се урива целата процедура за органодарителство.