Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Од денеска замрзнати цени на 1000 производи, се почитува ли мерката на терен?

Органичени цени – замрзнати маржи. Над 1000 производи од денеска до крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Органичени цени – замрзнати маржи. Над 1000 производи од денеска до крајот на април треба да се продаваат поевтино.

Производите во маркетите треба да бидат означени со налепница „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Алфа направи обиколка во три маркети во два од нив немаше назнаки за поефтини производи, додека во едниот цените беа уредно сменети со потребната налепница.

Граѓаните засега не гледаат промени во цените и вината за тоа ја лоцираат кај трговците.

Реклама

Дел од маркетите побараа да бидат опфатени помалку производи оти им требало време да ги сменат цените и тоа било напорно, иако праксата покажува дека кога истекуваат мерките не им треба многу време и за еден ден на сите рафтови има нови етикети со повисоки цени.

Од пазарниот инспекторат велат дека инспекторите се на терен. 20 тимови ќе контролираат во Скопје, а триесетина, во останатите градови низ земјава.

Од денес инспекторите на ДПИ се на терен, вкупно 50 тимови следните денови ќе ја утврдуват фактичката сосотјба во маркетите дали се почитуваат мерките на Владата за пониска маржа на повеќе од 1000 артикли – вели за Алфа директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.

Доколку се утврдат неправилности во работата на маркетите, казните се  до 10 илјади евра.

Со ограничена бруто-профитна маржа од пет отсто ќе се продаваат млекото, лебот, брашното, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко. Месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините ќе имаат ограничена маржа од 10 отсто. На 15 отсто се ограничува на средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените. Како највисока цена што треба да се земе за ограничувањата е онаа што важела на 1 февруари годинава.