Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 – 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој ја посети ГОБ „8 Септември“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Клековски, сите пациенти се живи и тоа, како што напомена, е голем успех, а критичните се испратени во специјализирани центри во странство.

-Ги уверувам членовите на семејствата дека сите пациенти, до последен, се мобилизирани и се прават максимални напори за нивно лекување. Нема ниту еден критичен пациент да не е згрижен во институција за изгореници, а Владата овозможи родителите да бидат со нивните деца, потенцира Клековски, додавајќи дека ова не е битка од 72 часа, туку ќе трае со недели и месеци.

Реклама

Директорот на Фондот подвлече и дека податоци за пациентите нема да се соопштуваат лично.

-Медиумите да не очекуваат информации за тоа кој пациент во каква состојба е, странските болници инсистираат комуникацијата да биде преку Министерството за здравство, рече Клековски.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојаноски информира дека засега нема критични пациенти, сите се во стабилна состојба. Повеќето имаат изгореници од втор и трет степен, најмногу на главата и дланките. Други повреди се од вдишување врел воздух и издувни гасови, како и трауматски набиеници и скршеници.

-Болницата максимално ќе се гиржи за сите пациенти и за оние што потенцијално ќе бидат упатени тука, тимот безрезервно се вложува. Протоколите се запазуваат максимално, изгорениците се отворени рани и се внимава да не дојде до потенцијални инфекции на раните, изјави Стојаноски.

Прмеиерот Мицкоски апелира секој што бил во периметарот на ужасниот на стан да се јави на доктор независно дали чувствува проблеми или не.

-Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи, потенцира Мицкоски.