Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Од денеска и официјално почнува изборната кампања за изборите

„Исправи се Македонијо! Одбери обнова!” „Можеме! Уште повеќе, уште подобро“ ,  „Време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Исправи се Македонијо! Одбери обнова!” „Можеме! Уште повеќе, уште подобро“ ,  „Време е за првиот премиер Албанец!“, „Сега е време!“ „Слобода, солидарност, спокој“…ова се слоганите на политичките партии со кои  денеска започна 20 дневната кампања за предвремените парламентарни избори.

Рекламните банери веќе се улиците, на социјалните мрежи се пуштени видео спотови од партиите, но сепак овие избори во многу сегменти ќе бидат поинакви од предходните, особено ако се земе предвид пандемијата од Ковид 19 и самиот факт дека ќе се гласа три дена.

За нив се подготви и посебен протокол.

Реклама

На гласање ќе се оди со маска на лицето каде ќе мора да бидат покриени устата и носот, ова е дел од постапката за денот на гласање на кој потпис ставија од Комисијата за заразни болести и ги испратија до Државната изборна комисија.

Претседателот на Дравната изборна комисија Дерковски вели дека е некоректкно „правилата да се менуваат во 5 до 12“ , а менувањата на изборниот законик ќе влијаат врз оценката која ќе ја даде ОДИХР за Македонија и изборниот процес.

Овие избори ќе бидат без големи партиски митинзи , дозволени се само мали собири на растојание и под маски. Кампањата ќе се одвива на социјалните мрежи и традиционалните медиуми, како и со посети од врата на врата почитувајќи ги мерките за превенција од Коронавирусот.

Кампањата треба да трае до 12 јули (недела), а веќе на 13 јули почнува изборниот молк. Денот на избори – 15 јули е прогласен за неработен и гласањето е продолжено за два часа односно ќе трае од 7 до 21 часот.

Meри Ѓорѓиевска