Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Од денеска „EasyJet“ два пати неделно лета од Скопје до Париз

Со пречекот на авионот на „EasyJet“ од Париз на Скопскиот аеродром се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пречекот на авионот на „EasyJet“ од Париз на Скопскиот аеродром се означи стартот на втората авиолинија Скопје-Париз. По Визер која лета до 80-тина километри оддалечениот аеродром „Буве“,„EasyJet“ два пати неделно ќе оперира до најголемиот аеродром „Орли“ на 20 километри оддалеченост од Париз. Од ТАВ Македонија се надеваат на развој на туризмот, односно зголемен број на француски посетители овде, но и интерес за посета на градот на светлината.

“Од денеска, втори април 2025, Меѓународниот Аеродром Скопје благодарение на easyJet ќе биде поврзан со главниот аеродром на француската престолнина, којшто е база на Easyjet и е аеродром којшто е дел од нашата групација, односно е управуван од АДП (Aeroports de Paris), чија членка е ТАВ Аеродроми. Easyjet ќе лета од Париз – Орли до Скопје и назад, два пати неделно, односно секоја среда и секоја сабота, нудејќи им уште една опција на нашите патници кои сакаат да патуваат до Париз, а секако и од Париз понатаму во Европа, имајќи предвид авиокомпанијата лета до 160 аеродроми во 35 земји. Не само што оваа нова рута е значаен чекор напред во проширување и подобрување на мрежата на авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје, туку и нуди погодни и различни можности за нашите патници, поттикнува поголема туристичка и економска поврзаност”, изјави Перо Лупевски, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија. 

„EasyJet“ ќе користи субвенции преку Министерството за транспорт и врски за оперирање со линијата до Париз до крајот на 2027-ма година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека промената на моделот на субвенционирање и давањето на финансиска помош за патници кои доаѓаат во земјава, треба да придонесе за подобра комуникација и и поврзување на Македoнија со европските земји. Се преговара и со други авиокомпании за нови дестинации.

Реклама

„Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стратегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати“ – вели Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

Скопје-Париз е втора авиолинија која стартуваше за неполна недела. Претходно, „Turkish Airlines“ воспостави 4 редовни летови неделно помеѓу Истанбул и Охрид. Од Скопје се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид освен кон Истанбул, ќе се лета и до Базел. Во следните 3 години, владата испланира субвенции за нови авиолинии во висина од речиси 6 милиони евра.