Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Од 19 август музички работилници за теремин во Лабораториум

Културниот и едукативен центар „Лабораторум“ почнува нов проект наречен „ЛИФТ“, иницијатива насочена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Културниот и едукативен центар „Лабораторум“ почнува нов проект наречен „ЛИФТ“, иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми. Првата активност во рамки на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот, првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот.

Создаден пред повеќе од еден век, тереминот е единствен по тоа што се свири без физички допир. Музиката се создава преку движењето на рацете во неговото електромагнетно поле, што го прави овој инструмент подеднакво привлечен за музичари, уметници и сите љубопитни истражувачи на звукот.

Во периодот од 19 август до 2 септември, во Лабораториум ќе се реализираат четири музички работилници, на кои учесниците ќе се запознаат со основите на свирење на теремин, неговите звучни можности и креативниот потенцијал. Работилниците ќе ги води Ива Дамјановски, која преку практична и интерактивна работа ќе ги воведе учесниците во светот на овој уникатен инструмент.

Реклама

Дамјановски е пијанистка, композиторка и музиколог, магистер по музикологија на Универзитетот во Тренто, Италија и по музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје. Таа е член на музичкиот состав Алембик и авторка на музика за филм, театар и мултимедијални проекти, како и на повеќе научни трудови и поетски книги.

Организаторите ги повикуваат сите млади креативцида се пријават. Учеството на работилниците е бесплатно, а бројот на места е ограничен.

Учесниците ќе бидат избрани по принципот „прв пријавен – прв услужен“. Пријавувањето е отворено до 15 август 2026 година преку следниот линк:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfxjUcj4HW10v87gdMowGS63HoFOX4U3qKRz_5PjPaNJvTrWA/viewform

Проектот „ЛИФТ“ е поддржан од Општина Центар.