Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Од 16-те монтажни болници на Филипче, до сега нема ниту една

Во исчекување на есенскиот бран на епидемијата, се уште ниту една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во исчекување на есенскиот бран на епидемијата, се уште ниту една од 16-те најавени монтажни болници не е поставена.  Такви според планот треба да има и во Гевгелија и Струмица . Дали во септември како што беше планирано ќе бидат готови засега никој со сигурност не кажува.  Локалните власти топката ја префрлаат на Министерството.

Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков бил на одмор, а од општината не упатија одговорот да сме го барале од Филипче.  

Реклама

“Барајте одговор од министерот и министерството за здравство, затоа што ние имаме дадено само начелна согласност. Тоа допрва ќе се решава. Не е издадена ниту дозволата за изградба. На седницата на советот на 27-ми ќе има расправа за тоа.” – велат од општина Гевгелија.

Од Министерството пак конкретен датум не кажуваат, само велат дека се во фаза на подготовка.

“Проектните единици на Министерството за здравство и Светската банка во моментов активно работат на припремни постапки за отпочнување на процес на изградба и ставање во функција на 16те Ковид центри во државата. Тие се во фаза на подготовка и штом бидат во фаза на ставање во функција, ќе бидете навремено информирани.” – велат од Министерство за здравство.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, вели дека се правеле подготовки, но за тоа им биле  потребни финансиски средства. Но не беше прецизен до каде се подготовките.

“Заради ситуацијата со Корона ние ќе се обидеме да изградиме монтажна болница навреме, но за тоа треба да се издвојат финансиски средства кои сепак не се предвидени во буџетот на општина Струмица, па од некоја програма ќе мораме да скратиме.” – рече Коста Јаневски – градоначалник на Струмица.

Монтажната болница во Гевгелија е предвидено да се изгради на паркингот до општата болница, додека во Струмица, во дворот на болницата.

Дијана Тасева