Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните содржини имаат духовен и комеморативен карактер. Ќе бидат застапени и настани од културата. Програмата започнува на 14 – ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации.

На 14 март ќе се одржи  богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во 8 часот ќе има литургија за упокоените, а во 9,30 часот следува општ парастос. Во 10, 45 часот на Градските гробишта ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“.

На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.

Реклама

Истиот ден  со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

Во ЦК „Бели мугри“,  на 15 – ти во 13, 30 часот ќе биде прикажан музичко-балетски перформанс насловен  „Кочани ви благодари“, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 18 часот во еден од салоните на „Бели мугри“ ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија.  Во 02,15 часот пред објектот „Пулс“ ќе се одржи настанот „Светлина што останува“, а во 7 часот започнува трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.

Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 – ти во 8,45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, со муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.

Во 9 часот е предвиден прием на гости и делегации во Општината, а во 10:00 часот е  молитвата за упокоените.

Комеморацијата „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10,30 часот во ЦК „Бели мугри“, додека во 12,30 часот, според програмата, претстои отворањето на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.