Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Од 1 февруари поскапо парно за дел од домаќинствата во град Скопје

Топлинската енергија за дел од домаќинствата во град Скопје од 1 февруари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Топлинската енергија за дел од домаќинствата во град Скопје од 1 февруари поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО во последниот квартал од 2024 година кое наместо 60 отсто учествувало со 51,9 отсто во производството на топлинска енергија. Цената за производство на топлинска енергија на ТЕ-ТО е за 35 отсто пониска отколку цената на топланите, а ТЕ-ТО не работело доволно зашто цената на природниот гас не му одговарала за производство на струја како примарен производ.

„По доставеното барање од страна на ЕСМ Дистрибуција на топлина, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Снабдување со топлина РКЕ пристапи кон длабинска анализа која покажа дека цената на природниот гас во последниот квартал од минатата година е реално зголемена на светските берзи за 16 отсто. Во одлуката од јули пресметката за цена на топлинската енергија е направена со прогнозирана цена на природен гас од 37 евра за мегават час, а сега признаваме за 15 проценти зголемена цена за набавка на природен гас од 43 евра за мегават час“, рече Бислимоски и додаде дека трошокот на ЕСМ за набавка на природен гас изнесува 50 евра за мегават час.

Реклама

РКЕ, како што кажа, во пресметките ја зема цената на природниот гас во државава и смета дека таа е 43 евра за мегават час. На светските берзи, посочи, и во јануари и февруари годинава има тренд на раст на цените на природниот гас, а денеска цената на ТТФ е околу 52 евра за мегават час.

„Зголемувањето на сметките за просечно домаќинство во Градот Скопје ќе биде 100 денари за корисниците на топлинска енергија кои се снабдуваат преку овие ќерки фирми на АД ЕСМ. Досега месечниот трошок за топлинска енергија им изнесуваше 2.100, а сега ќе изнесува 2.200 денари“, рече Бислимоски.

Нагласи дека РКЕ во текот на следната недела ќе го разгледа и ќе донесе одлука по барањето за цена на ЕСМ Енергетика кои снабдуваат околу 2.000 корисници. Се очекува наскоро и топланата Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот Скопје. Одлуките на РКЕ за новите цени за овие корисници ќе се носат во февруари и ќе се применуваат од 1 март годинава.

„Ја следиме состојбата на берзите и доколку и понатаму растат, еден од предлозите на РКЕ за цената на топлинската енергија ќе биде во насока за да избегнеме натамошни ценовни шокови. Од анализите кои константно ги правиме се уште се најниски трошоците за топлинска енергија преку организираниот систем на греење кој постои во градот Скопје, а не треба да се заборави и комодитетот што се обезбедува при овој начин на греење“, потенцира Бислимоски во одговор на новинарско прашање.

РКЕ лани на 29 февруари донесе одлука со која за 35 проценти ја намали цената за парното греење за сите деловни корисници во град Скопје. Тоа, како што тогаш информираше Бислимоски, се должеше на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.