Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Од 1 февруари нема да има градинки во Струга, негувателките престануваат со работа ако општината не им го реши статусот

Доколку за една недела општина Струга не го реши работниот статус на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку за една недела општина Струга не го реши работниот статус на негувателките тие ќе престанат да одат на работа,тоа значи ставање под клуч на градинките во кои секојдневно се згрижуваат над 500 дечиња. Станува збор за 21-на негувателка кои работат со договор на дело,некои од нив дури цели 18 години.

 Ние не баравме решение наеднаш за сите,нашето барање беше да бидеме на нормална плата, на достоинствена плата за нашата работа и да бидеме осигурани меѓутоа не добивме позитивен одговор.Ние поставувавме рокови, не добивавме решение и затоа решивме од 1-ви февруари да не доаѓаме на работа”-вели Емилија Мариноска Пејчиноска,негователка

Договорите на дело ги потпишувале секој месец, она што ја прели чашата е информацијата која стигнала до нив дека наместо досегашните 10.000 денари,месечно ќе добиваат само 5.000 денари.  

Реклама

 Ќе се бориме сите да одиме до крај да се реши ситуацијава ,навистина е бесмислено ако ние 20 души напуштиме на 1-ви, не знам кој ќе може да ги згрижува децата стварно.Еве конкретно јас имам два факултети за да ја задржам работава, а еве го исходот.”-вели Весна Маркоски,негувателка

Си ги бараме нашите права и како родители и како вработени во градинката,сите сме фамилијарни луѓе со дечиња.Фамилија не се гледа со плата од 5,10.000 денари-гневни се негувателките. Згора на се’ четири месеци во годината јануари, јуни,јули и август ги пуштаат на неплатен одмор.Општината велат нема слух да го реши проблемот,а никој од институциите не реагира иако се инфорирани за се’  што ни се случувам додадаваат тие. Негивателките добиваат поддршка и од родителите и од колешките чиј статус е решен.

 Ги поддржуваме и ние и родителите ,мора да се реши ова бидејќи може и градинкава да се затвори пошто не можеме без нив да работиме”-вели Назифи Муведет,негивателка

Ние сме максимално посветени на дечињата, но на оваа скапотија нека дојде некој да живее со 5.000 денари. Мизерно е чувството со броени пари во џебот секој месец да одиме во заводот и да се пријавуваме како невработени лица.Негувателките бараат барем од оштината минимална плата, пензиско и инвалдиско осугурвање и решение за работа.

Росица Гулабоска