Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Пораки за обединување – очаен обид за „будење“ на Ахмети

Преку две децении националистичка реторика и постојано ширење говор на омраза и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку две децении националистичка реторика и постојано ширење говор на омраза и поттикнување поделби, сега опозиционерот Али Ахмети се сети да испраќа пораки на македонски јазик, и да повика на „унитарна држава и обединетост“. Преку писмо, објавено по повод годишнината од Охридскиот рамковен договор, претставувајќи ги Албанците како жртва, Ахмети тврди дека во минатото биле и гонети за идејата за еднаквост, и сите гонења за неговите и нему блиските корупциски и криминални скандали – ги претставува како прогон на етничка основа. Според него, и тогаш и сега, зад тоа стоела истата стара политика – на поделби, дискриминација и убедување дека државата е „само на едните“.

Во средношколските години барав права за мојот народ и бев прогонет. Мене и на моите сонародници ни се спореа јазикот, знамето, правото на еднаквост, правото на постоење со логиката „Македонија на кедонците”. Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија, ниту повторно моја ниту повторно твоја, туку секогаш наша Македонија. Сите ние што се осмелувавме да се залагаме за еднаквост нè гонеа за сепаратизам, национализам, шовинизам, а денес истиот пристап софистицирано се повторува со прогон и оцрнување за наводна корупција и криминал од истата доктрина и истите заробени умови кои ги карактеризираат граѓаните во граѓани од прв, втор, трет ред и сметаат дека државата им припаѓа само ним, порача Ахмети.

Експертите предупредуваат дека претстојните локални избори се своевиден референдум за партијата на Али Ахмети. Сепак, според нивните досегашни чекори, веќе не им остана ништо друго освен националистичката карта, со која ги чуваат клиентелистите, што им носат гласови на избори.

Реклама

Додека власта најавува позитивна кампања, која ќе се заснова на проекти и идеи за подобрување на животот на граѓаните, ДУИ сака да си ги зачува гласачите со отворање на стари националистички теми. Иако во писмото зборува за соживот и за градење на заедничка држава, според експертите, тоа е само клише – кој пак ќе се сведе на подгревање на меѓуетничките тензии. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски порача дека градоначалничките трки на есен ќе бидат избор помеѓу стариот систем што ја уназадил државата и нова перспектива за заеднички напредок. Се надева на позитивна кампања која ќе се однесува на проекти, но нема да биде изненаден ако ДУИ продолжи со реториката со која земјава ја враќа две или три децении назад.