Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Обвинителството со завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: „Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човечноста“

„Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност туку директен напад врз човечноста и општеството“ обвинителството со завршен збор за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ниту на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска. Сторителите на злоделата, убиство на дете и на пензионер на свиреп и монструозен начин, заслужуваат не само правна, туку и длабока морална осуда од секого.

  • „Поминале доволно денови по убиството на Панче Жежовски од Велес. Ниту еден од обвинетите не презел дејствија со кои би покажале реакција за човечко суштество за да се прекине тоа, напротив продолжиле кон дете деветто одделение со ранец, дете кое ниту на сон не им згрешило на обвинетите“ рече обвинителот во завршниот збор. 


Таткото на Вања од првите моменти се однесува чудно, со колата тргнува сам да ја бара, без притоа да праша како е и каде е другото дете Миња, рече Крстевска Јосифовска. Цитирајќи ги сите сведоци обвинителството смета дека ги докажале кривичните дела грабнување и убиство, како и помагање во грабнување за што се товари Александар Ѓорчевски.

Реклама
  • „Морбидните настани ја потресоа македонската и пошироката јавност, вчудоневидени дека од една мала држава може да се случат вакви тешки злодела. Вања ја убиле така ладнокрвно, свирепо на монструозен план. Се надевале дека никогаш нема да биде најдена, остајаќи ја закопана во дупка покриена со разни предмети.

    Немале грам совест, ни човечност, ни родителско чувство. Сите четворица обвинети имаат и свои деца, на кои со грабнување и убивање сакале да им обезбедат удобен, пристоен живот, да им купат станови, да им прават свадби, да се веселат со најмилите“ рече Жаклина Крстевска Јосифовска.

Обвинетите скроиле свиреп план, го избрале Панче Жежовски од Велес бидејќи неговиот „цитроен“ имал голем гепек, а тие планирале да му го одземат. На 22 ноември 2023 година, го грабнале и убиле. Според обвинителството, два дена подоцна, на 24 ноември, планирале но задоцниле па не успеале да ја грабнат Вања Ѓорчевска. Обидот го повториле на 27 ноември, по добиена информација од нејзиниот татко дека тој ден ќе оди сама на училиште. Таа била киднапирана и убиена во период од 8.30 до 9.30 часот. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, остана во обвинението како соучесник бидејќи им ги дал на обвинетите информациите за движењето на Вања. Палевски, според обвинителството, побегнал во Белград од страв да не биде фатен, иако немал закажано никаков медицински преглед, а потоа и за Турција. Јосифовска нагласи дека врз обвинетите не е вршено никакво насилство.