Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“, отворен повик за сведоштва и докази

Јавниот обвинител на Република Македонија и тимот обвинители кои ја водат истрагата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Република Македонија и тимот обвинители кои ја водат истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска остварија средба со семејствата на загинатите во несреќата.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинителите ги информирале блиските за досегашниот тек на истражната постапка, одговарале на нивните прашања и ги увериле дека истрагата се води темелно и сеопфатно.

„Се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојните распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес,“ се наведува во соопштението.

Реклама

Обвинителството нагласува дека продолжува со интензивни истражни дејствија, вклучувајќи распити и вештачења, чија прелиминарна анализа се очекува во наредните денови. Во истрагата се вклучени десетици експерти од различни области, со ангажирање на сите достапни капацитети на истражните органи.

Истовремено, Обвинителството упати отворен повик до сите граѓани кои располагаат со лични сведоштва, информации или докази поврзани со работењето на клубот „Пулс“ и поврзаните субјекти, да ги споделат преку специјален формулар достапен на веб-страницата на Обвинителството (www.jorm.gov.mk). Пополнетите формулари може да се испратат на електронската адреса: [email protected].

Во меѓувреме, семејствата на загинатите организираа протест пред зградата на Јавното обвинителство, повикувајќи на одговорност, оставки и формирање на експертска влада. Тие се упатија и кон Собранието, каде остварија средби со пратеници од Левица и СДСМ, како и со лидерот на опозицијата, Венко Филипче. Потоа се придвижија кон Министерството за внатрешни работи, каде беше најавена средба со министерот Панче Тошковски.

Според досегашните податоци од истрагата, во пожарот што избувна на 16 март 2025 година, за време на концерт на групата „ДНК“, загинаа 62 лица. Причина за пожарот биле искри од пиротехнички ефекти, а истрагата открила сериозни прекршувања – дискотеката работела без валидна лиценца, без адекватни противпожарни системи и со недоволен број на излези за евакуација.

До овој момент, осомничени се 68 физички и три правни лица.

Обвинителството ја потенцира својата посветеност за навремено и целосно расветлување на причините и одговорноста за најтрагичниот пожар во поновата историја на државата.