Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Обвинителството нема намера да го повика Ахмети да го праша за локацијата на која се крие бегалецот Груби

Премиерот Христијан Микоски му порача на Обвинителството да ја почитува законската обврска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Микоски му порача на Обвинителството да ја почитува законската обврска и да го повика Али Ахмети за да каже каде се наоѓа неговиот сопартиец Артан Груби. Во однос на наводната селективна и одмазничка правда за која Ахмети зборуваше во Косово за случајот со Груби, Мицкоски вели дека токму двоецот СДСМ – ДУИ, последниве години ги избираше судиите и обвинителите.

И вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, го повика Обвинителството да ги провери информациите на Али Ахмети.

„Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна изјава, има законска обврска да го повика г. Али Ахмети да го праша каде се наоѓа лицето кое го гони правдата на државата“, пишува Арбен Фетаи на Фејсбук.

Реклама

Во меѓувреме, Јавното обвинителство информира дека нема намера да го повика првиот интегративец. Според нив, такви овластувања имало МВР.

Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот, информираат од Обвинителство.

Инаку, МВР ќе ги проверува информациите што ги има Ахмети. Министерството за внатрешни во наредниот период ќе го повика лидерот на ДУИ да ги каже информациите што ги има, но кога тоа ќе се случи, во јавноста нема да биде најавено. Од МВР велат дека се постапува по потерниците, и повеќе ќе споделат во јавност откако ќе имаат повеќе информации за случајот.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека Артан Груби не е во бегство, бидејќи се наоѓа на албанска територија. Ахмети со оваа изјава даде етничка конотација на бегството на поранешниот втор човек на партијата.

Ахмети вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, но само доколку правдата не биде одмаздничка и селективна.