Обвинителството контра Кривичниот суд. Надлежната обвинителка за предметот „Жан Митрев“ Искра Хаџи Василева, не го повлекла предлогот со кој се забранува продажба на приватната клиника, велат од ОЈО за Алфа. Од таму потенцираат дека судот ја донел одлуката со која биле укинати сите мерки за обезбедување на имотно правните барања за овој случај. На ваквата одлука Хаџи Василева вложила жалба, што била прифатена од Кривичниот совет, решението било укинато и предметот вратен на повторно одлучување.
-На 09.01.2023 година надлежниот јавен обвинител не донел никаква одлука за повлекување на мерката – забрана за оттуѓување на удели во Клиниката “Жан Митрев”. Напротив, на тој датум судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кој го одби предлогот на ОЈО Скопје и ги укина сите предложени мерки за обезбедување имотно-правни барања поднесен уште на 16.11.2022 година, вклучувајќи ја и таа мерка, велат од ОЈО.
Вавкиот одоговор на Обвинителството е спротивен од оној на Кривичниот суд, од каде велат дека обвинителот го повлекол предлогот со кој се забранува оттуѓување на приватната клиника, а на сила останале замрзнатите сметки на Митрев, како и забраната за продажба на имот во Битола.

-Во однос на забраната за отуѓување на имотот во правното лице, јавниот обвинител го повлекол овој предлог со образложение дека „Истото е со цел да не се компликува постапката пред судот, почитување на правата на обвинетиот, па по оценка на обвинителството оваа мерка е повеќе непотребна.“, стоеше во одговор од Кривичен
Од Обвинителството велат дека по завршувањето на истрагата веќе немале можност да бараат забрана за продажба на Клиниката Жан Митрев.
-Со оглед на фактот што во меѓувреме истрагата заврши, обвинителството во следниот предлог немаше веќе можност и потреба да ограничува сопственичко право, туку побара замрзнување на една недвижност и точно утврден износ на банкарските сметки за да ги заштити правата на оштетно побарување на пациентите, велат од ОЈО.
Од Обвинителството за Алфа велат и дека е оформен предмет по допрен глас, по тврдењата на доктор Жан Митрев во гостувањето во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа, каде кажа дека Заев и Филипче, во време на ковид пандемијата, барале начин како да дојдат до сопствеништвото во неговата приватна болница, по што била тргната забраната за нејзина продажба. Најспорно според тврдењата на доктор Митрев е што една недела откако на Филипче и Заев им кажал дека не може да ја продаде болницата дури и да сака, бидејќи има забрана за отуѓување, одлуката била променената и забраната била тргната.
Матеја Петровски
