Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Обвинителство се уште сослушува сведоци за наводите за уцени и злоупотреби во затворот

Обвинителството за организиран криминал води предистрага и сослушува сведоци за корупција меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството за организиран криминал води предистрага и сослушува сведоци за корупција меѓу вработените во затворот во Идризово, по серијата прилози на Алфа што обелоденија за заканите, уцените и изнудата на пари што се случуваат во ќелиите. Осуденикот Јанко Јаневски кој лежи за измама и злоупотреба на службената положба и е поранешен помошник министер за култура, дал исказ во обвинителство раскажувајќи за тортурите кои ги преживуваше во Идризово, пред да биде префрлен во Штип откако пријави корупција и сведочеше за Алфа. Засега, обвинител за организиран криминал ги повикува инволвираните во скандалот, потврдуваат од Обвинителство.

Во тек е собирање на вербални докази. Надлежниот обвинител повикува и сослушува лица коишто се инволвирани во случајот, информираат од Обвинителството за организиран криминал.

Додека Обвинителство истражува дали има корумпирани вработени во затворот коишто изнудуваат пари, директорот Зоран Јовановски потврди дека суспендираните командири против кои има пријави, веќе се вратени на работа. Јовановски вели дека се чека на обвинителска одлука, а дотогаш вработените ќе ги обавуваат секојдневните активности.

Реклама

Пред неколку месеци затворениците Јанко Јаневски и Тони Денковски од Идризово сведочеа дека секојдневно трпат психичка тортура и рекетирање од страна на вработените во затворот. По скандалот што го обелодени Алфа, Управата за извршување на санкции влезе во Идризово, а и министерот за правда Кренар Лога побараа да се расветли случајот.

ѓДвајцата затвореници Јанко Јаневски и Тони Денковски кој е осуден на доживотен затвор за тројно убиство во скопски рибен ресторан јавно сведочеа за тортурата што ја преживуваат во ќелиите. Едниот тврдеше дека претпоставените внатре му се закануваат и изнудуваат пари, а другиот обвини за психичка тортура и закани по семејството. Тонско: Јанко Јаневски, осуденик Командирите се правдаа дека Јаневски им должи пари бидејќи за неколку илјади евра им ветил вработување во МВР, но не го исполнил. Обвинителство за организиран криминал веќе петти месец прибира докази и се уште нема донесено обвинителска одлука дали во Идризово има елементи на кривично дело и корупција.