Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен

Во Кривичниот суд почна судскиот процес против Сулејман Јамалари, обвинет за физички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кривичниот суд почна судскиот процес против Сулејман Јамалари, обвинет за физички напад и закани кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен за делото „насилство“, за кое го товари Обвинителството.

На рочиштето сведочеше Арсовска, одговарајќи на вкрстени прашања од јавниот обвинител, својата адвокатка и одбраната на Јамалари. Таа изјави дека инцидентот се случил на 18-ти месецов додека стоела под чадор на сенка, кога обвинетиот пристигнал со електричен тротинет, и се доближил со зборовите: „Што бараш ти тука?“ и ја удрил двапати во лицето. Таа, како што рече, рефлексно возвратила со нога.

Арсовска додаде дека по интервенцијата на полицијата, Јамалари 40 минути продолжил со навреди и закани, не само кон неа, туку и кон присутните градски службеници. На крај, морале да ја повикаат и интервентната полиција за да ги извлече од локацијата.

Реклама

Во врска со тоа што не ја потпишала изјавата во полициска станица, Арсовска рече дека полицајците се обиделе да ѝ наметнат туѓи зборови: „При здрава свест и совест, јас на своја изјава не можам да дозволам туѓи зборови“, истакна таа.

Градоначалничката побара и обештетување од обвинетиот, а се согласи против него да се води кривична постапка. Судскиот процес продолжува, а обвинетиот во моментов издржува мерка притвор.