Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Обвинение за конзулот Борче Марковски и уште седуммина за тендерска измама во РЕК Битола

Незаконски спровеле трендер вреден речиси два милиона евра, иако знаеле дека проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незаконски спровеле трендер вреден речиси два милиона евра, иако знаеле дека проектот е технолошки неизводлив. Со лажна документација за наводно завршени работи, биле исплатени огромни суми пари, злато и возила, дел во земјава други во странство. Битолските обвинители го срочија обвинението за белорускиот конзул Борче Марковски и седум директори и раководители.

Со цел да се „офајдат“, спровеле јавна набавка за дислокација на опрема од рудникот „Осломеј“ во РЕК Битола, иако знаеле дека таквиот систем не одговара на условите во рудникот Живојно. Поради специфичната форма на коп и краткиот век на експлоатација, таму не било предвидено користење на ваква технологија, што ја правело набавката нецелисходна и штетна.

  • Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план и да овозможи реализација на јавната набавка, а минималните услови за учество на тендерот ги предимензионирале, фаворизирајќи само едно правно лице.  Со тоа и овозможиле на обвинетата компанија да се јави како единствен понудувач и да го добие тендерот вреден 90.000.000 денари без ДДВ (106.200.000 денари со вклучен ДДВ)“ стои во обвинителниот акт.

Марковски заедно со двајца вработени во неговата фирма, се товарат дека со лажна документација прикажале како завршена монтажа што никогаш не била изведена, додека опремата стоела расфрлана во кругот на РЕК Битола. Со свесно кршење на прописите за јавни набавки, според обвинението, тие ја злоупотребиле постапката и наплатиле работа која постоела само на хартија.

Реклама
  • Незавршената обврска ја наплаќале врз основа на невистинитата документација со што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од големи размери. Ова им го овозможиле и тројца од обвинетите директори и раководители во РЕК Битола, кои во 2024 година ги потпишувале записниците и извештаите за наводно извршени работи, иако знаеле дека се невистинити, со што го навеле оштетеното правно лице РЕК Битола да изврши незаконита исплата и сториле продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 од Кривичниот законик“ стои во обвинителниот акт.

Обвинителот бара од судот, заплетите 1,7 милиони евра од Марковски да му се одземат, а тој да остане во притвор каде што се наоѓа од октомври.

Имотот на белорускиот конзул до кој дошле истражните органи тежи 500.000 евра само на банкарските сметки во Македонија, а Србија му замрзна имот 10 дена откако беше отворена истрагата за него и неговата фирма. Во сефот во белградска банка биле најдени 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка. Плус замрзнати се и 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година од фирма во Србија во сопственост на Марковски, кои исто така можат да бидат конфискувани.

Меѓу обвинетите е и, ексдиректорот на РЕК Битола, Пеце Матески, кој е веќе обвинет во случајот „Адитив“ исто така за злоупотреби со јавни набавки за кои во тек е судски процес.