Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Обука за зајакнување на капацитетите на градинките и основните училишта во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров организираше обука за градење и зајакнување на капацитетите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров организираше обука за градење и зајакнување на капацитетите на градинките и основните училишта од општината, насочена кон унапредување на образовниот процес, институционалната соработка и искористување на можностите за развој преку меѓународни и меѓуинституционални проекти, вклучително и претпристапните фондови на Европската Унија.

На обуката, како што соопшти општинската прес-служба, учествувале претставници од сите градинки и основни училишта од Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски. Тој упати порака за значењето на континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар.

– Образованието е наш стратешки приоритет и темел на долгорочниот развој на заедницата. Наставниците и воспитувачите се клучниот двигател на квалитетот во образованието и затоа инвестицијата во нивниот развој е директна инвестиција во иднината на нашите деца, истакна Стојкоски.

Реклама

Таквите обуки, според него, не се изолирани активности, туку дел од еден поширок и континуиран процес што води кон поквалитетна настава, посилни и поотворени образовни институции и поголема подготвеност за идни проекти и партнерства.

– Преку овие обуки ги јакнеме институционалните капацитети, поттикнуваме размена на искуства и градиме самодоверба кај наставниот кадар и учениците. Нашата цел е модерно, квалитетно и одржливо образование кое ќе создава млади луѓе што ќе сакаат да ја градат својата иднина токму во Општина Ѓорче Петров, нагчаси Стојкоски.

Обуката, како што е наведено во информацијата, се реализира со поддршка и експертиза од Секторот за локален економски развој при Општина Ѓорче Петров и е дел од пошироките заложби на општината за модерни училишта и градинки, активно вклучени во современите образовни и развојни текови.