Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Обука за вештачка интелигенција за наставници на штипскиот Факултет за образовни науки

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со реализација на настани од серијалот посветен на темата „Вештачка интелигенција во образованието“. Деканот на Факултетот за образовни науки при УГД – Штип, Трајче Стојанов, вели дека обуките за студентите и наставниот кадар во училиштата и градинките почнале лани, а продолжуваат и оваа година. 

– Денеска веќе имаме обука за софтвер, алатка што помага на наставниците во планирањето на нивните активности. Факултетот за образовни науки ги иницира овие активности за најновите трендови во образованието, кои ја вклучуваат и вештачката интелигенција и употребата на најсовремените технологии. Тоа е тренд што нашиот Факултет, а и современото образование, сакале – не сакале, мора да го следи – рече Стојанов.

Елена Ончевска-Агер, редовна професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, заедно со д-р Метју Агер, е автор на апликацијата Noticing. Двајцата заеднички ја реализираа денешната обука „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“.

Реклама

 – Апликацијата Noticing користи вештачка интелигенција за да им помогне на наставниците во планирањето и во рефлексијата, размислувањето по часовите. Главната цел е професионален развој, а Метју ја дизајнираше апликацијата. Јас учествував во педагошката подлога. Сметаме дека употребата на алатките што користат вештачка интелигенција вон контекст може да биде проблематична за наставниците, бидејќи не можеме да претпоставиме дека авторите на моделите што користат вештачка интелигенција ја зеле педагогијата предвид кога ги развивале тие алатки. Во таа смисла сметаме дека наша должност е доколку сакаме одговорно да го користиме тие алатки, да ја донесеме таа педагошка мисла, педагошка основа, со цел овие алатки да се не само безбедни, туку и корисни за наставниците – рече Ончевска-Агер.

Таа додаде дека денес наставниците си донесоа сопствени планови за час, што ќе ги рафинираат со употреба на вештачка интелигенција. 

– Не веруваме дека вештачката интелигенција може како со магично стапче да произведе наставни планови вон контекст. Таа ќе произведе, меѓутоа шансите дека тие наставни планови ќе бидат корисни за нашите ученици, студенти се многу мали, така што сметаме дека наставникот е клучен фактор во обликувањето на наставниот план, а вештачката интелигенција може да помогне со цел да го насочи или пренасочи нашето внимание со цел да размислиме за поголем дел од комплексноста на училницата – изјави Ончевска Агер.

На денешната обука учествуваа наставници и професори од високото образование, средните и основните училиште, како и од детските градинки.