Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Обука за пребарување и спасување во урбана средина, организирана од Амбасадата на Република Грција во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP)

Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која обезбеди воздушен превоз.

Програмата беше фокусирана на првичниот одговор по земјотрес, комбинирајќи теоретска обука со интензивни практични вежби, и беше наменета за припадници на противпожарните единици на Градот Скопје и на Општина Кавадарци. Тимот на обучувачи од Атина го сочинуваа заменик-командирот на Противпожарната служба на Грција и директор на Дирекцијата за справување со катастрофи при ЕМАК, Панајотис Јанопулос, заменик-командирот на Противпожарната служба на Грција, Харисис Гуројанис, поручникот на Противпожарната служба на Грција, Панајотис Веизис и офицерот на Противпожарната служба на Грција, Константинос Коцорис.

Обуката заврши со свечена церемонија за доделување на сертификати за учество, на која присуствуваа заменик-министерот за локална самоуправа на Македонија, Ерџан Селими, генералниот секретар на Град Скопје, Славе Трпески, генералниот секретар на Општина Кавадарци, Тодор Ефремов, претставникот на UNDP во Македонија, Армен Григорјан, како и претставници на противпожарните единици.

Реклама

Станува збор за четврта обука по ред наменета за единиците од Македонија, која се реализира со поддршка на Република Грција во рамките на билатералната соработка во областа на цивилната заштита и управувањето со природни катастрофи.

Во своето обраќање, амбасадорката на Република Грција во Македонија, г-ѓа Софија Филипиду, истакна дека, една година по трагедијата во Кочани и шумските пожари во Македонија во 2025 година, Грција продолжува да го поддржува унапредувањето на билатералната соработка во областа на цивилната заштита.

Инвестицијата во превенцијата, отпорноста и ефикасното управување со природните катастрофи денес претставува неопходност. Таа, исто така, нагласи дека во време кога климатските промени создаваат нови и сложени предизвици за регионот, прекуграничната соработка и меѓусебната помош се неопходни за брзо, ефикасно и координирано справување со кризни ситуации.