Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“, придонес кон поголема еднаквост на ромската заедница во општеството

Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“ се реализира денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Настанот е во организација на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, во соработка со Советот на Европа.

– Оваа иницијатива, што е дел од програмата на ЕУ и Советот на Европа, „Интеграција на Ромите – трета фаза“, е примарно насочена кон наставниците и претставниците од средното образование. Главните столбови на обуката вклучуваат препознавање на антициганизмот: продлабочување на капацитетите за разбирање на оваа специфична форма на расизам, културна сензитивност: проширување на знаењата за ромската култура, инклузивен пристап: обезбедување правичен и недискриминаторски третман во училиштата, беше наведено на настанот.

Се нагласи дека ваквите обуки се неопходни за унапредување на инклузивните политики, со што директно се придонесува кон поголема еднаквост на ромската заедница во општеството.

Реклама

– Процесот на едукација ќе продолжи и во текот на април. Следниот циклус е планиран за воспитувачите и негувателките во детските градинки, со цел да се опфатат сите нивоа на образовниот процес, најавија од организацијата.