Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Обрежение Христово, Свети Василиј Велики или Стара Нова година – три празници, различни еден од друг

Православните верници денеска ја празнуваат Василица, празник посветен на свети Василиј Велики,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православните верници денеска ја празнуваат Василица, празник посветен на свети Василиј Велики, еден од најзначајните светители на христијанската црква, но и почеток на новата година според Јулијански календар.

Св. Василиј Велики го празнуваме затоа што на денешен ден се упокоил и тоа е еден од најголемите богослови кој што живеел во историјата на христијанската црква. Оставил аманет или пример на сите христијани како да се однесуваат во животот, како да живеат христијански и благочестив живот и потекнува од едно од најголемите христијански семејства во историјата на црквата затоа што од неговото семејство произлегле осум светители, меѓу кој спаѓа и тој Василиј Велики.“- вели отец Антонио.

Празникот се поврзува и со бројни обичаи, кои се разликуваат во различни краеви на Македонија, а црквата порачува дека најважно е денот да се помине во молитва, мир и заедништво со семејството.

Реклама

На св. Василиј Велики се прави лебче со паричка или погача со паричка во чест на еден настан што се случил според житијата на Василиј Велики кога не знаел како да ги раздели златниците и паричките па по божја промисла замесиле лебчиња и ставиле по нешто во секое лебче и кога ги разделиле на верниците на секој му се паднало она што го донел во храмот претходно како дар и токму поради тоа во чест на св. Василиј ние имаме таков обичај да се меси лебче со паричка на денешниот ден и да се прекрши тоа лебче во кругот на семејството.“- вели отец Антонио.

За граѓаните, Василица е празник со посебно значење. За нив претставува преродба, нов почеток, а најчесто го поминуваат заедно со семејството, трпеза полна со македонска традиционална храна и по обичај ќе го кршат лебчето со паричка што ќе одреди кој ќе има среќа во текот на целата година. Си посакуваат мир, љубов и здравје.

Помош божја преку свети Василиј. Го славиме традиционално со паричка и посна храна. Да бидеме само живи, здрави во мир. Мир, љубов, поголема слога и хармонија. Да се почитуваме себе си и да ги почитуваме сите околу нас.“- велат граѓаните.

Василица се одбележува како ден на духовна обнова, семејни собири и надеж за подобра година, со порака за повеќе љубов, разбирање и хуманост меѓу луѓето.