Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Обраќање на премиерот Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на самитот 2026 во организација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат и претседавачот на одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата, Мајк Зафировски, и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска.

Самитот обединува голем број домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнис-заедницата, институции и експерти, а во фокусот ќе бидат економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.

Реклама

Дополнително, ќе се дискутира и за лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка.

Синоќа, во пресрет на дводневниот традиционален самит на „Македонија 2025“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова организира прием на кој ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората.

Претседателката им честита на годинешните добитници на признанието на „Македонија 2025“, д-р Ичак Калдерон-Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски, потенцирајќи дека со нивната работа во науката, бизнисот, културата, филантропијата и поддршката на младите оставаат траен белег овде, но и во светот, а истовремено се и мотивација за идните генерации.

Признанието во соработка со „Македонија 2025“ се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на националните и на државните интереси и капацитети.