Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Објавен повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, Стопанска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, Стопанска банка АД – Скопје повторно објавува повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој, насочени кон реализација на конкретни проекти со кои се поттикнува инклузијата и се подобруваат условите во средината во која учат и живеат лицата со попреченост. Грантовите се дел од општествено одговорниот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“, кој годинава ќе го има седмото издание.

Јавниот повик е отворен за сите асоцијации, здруженија или проекти со фокус на лица со попреченост. Притоа, се очекува барателите да аплицираат за грант со конкретни проекти кои опфаќаат повеќе лица, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.

Проектите со кои асоцијациите и здруженијата аплицираат треба да содржат информации за целната група, времетраењето на проектот, целта и очекуваните резултати, буџетот за реализација, како и за носителот на проектот (апликант, асоцијација, здружение и сл.). Барањата, заедно со контакт податоците, треба да се испратат на адресата [email protected] , со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме.Менуваме 2025“, најдоцна до 30 ноември 2025 година.

Реклама

Посебно формирана комисија во Стопанска банка ќе биде задолжена за евалуација на пристигнатите барања за грант, а избраните проекти кои ќе добијат финансиска поддршка ќе бидат објавени на 3 декември 2025 година.

Особено нѐ радува што оваа година музичко-театарските претстави кои традиционално се дел од кампањата „Сонуваме.Менуваме“, покрај во Скопје, ќе се прикажуваат во Битола и Велес на 5 и 16 декември, ширејќи ја низ земјава пораката за значењето на инклузијата.

Како и во изминатите години, актерската екипа во претставите ќе вклучува и деца со попреченост, а инклузијата ќе биде главната инспирација.