Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Објавена новелата „Раѓање“ од рускиот писател Алексеј Варламов

„Македоника литера“ објави превод на новелата „Раѓање“ од современиот руски писател Алексеј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македоника литера“ објави превод на новелата „Раѓање“ од современиот руски писател Алексеј Варламов, за која е добитник на наградите „Антибукер“ и „Октомври“. Новелата е првпат објавена во 1995 година и со неа Варламов се афирмира во руската литература.

-Авторот суштински, искрено, уверливо, длабоко и трогателно ја опишува големата мистерија на раѓањето. Новелата „Раѓање“ е, во извесна смисла, парабола за раѓањето на нова земја и новите односи меѓу луѓето. Како брилијантен раскажувач, врвен стилист и беспрекорен мајстор на зборот, Варламов го плени читателот со својот лежерен, лаконски и имагинативен стил на пишување, сложена игра на зборови и литературни алузии. Ова издание на македонски јазик е дополнето со уште една новела – освен „Раѓање“, објавена е новелата раскажана со три раскази – „Падчевари. Нарација во раскази“ (2002), соопшти издавачката куќа за новата книга која од руски на македонски ја преведе Ленче Тосева. 

Алексеј Николаевич Варламов (1963) е руски прозаист, филолог, автор на неколку биографии на писатели и на романи, и универзитетски професор. Негови најпознати романи се „Менталниот волк“ (2014) и „Павел, душо моја“ (2018), објавен и на македонски јазик во издание на „Македоника литера“ во  2022.

Реклама

Варламов е добитник на петнаесетина книжевни награди, меѓу кои: „Александар Солженицин“, „Голема книга (Бољшаја книга)“ за „Менталниот волк“ и за „Алексеј Толстој“, како и на наградите „Октомври“ и „Студентски Букер“. Според неговиот роман „Менталниот волк“ е снимен игран филм.

Професор е на универзитетот „Ломоносов“ во Москва, предава руска книжевност од почетокот на XX век и во исто време води креативен семинар во Институтот за литература „А. М. Горки“. Член е на комисијата за доделување на високата меѓународна  награда „Толстоева награда Јасна Полјана“.