Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за користење средства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година за поттикнување на здружувањето. Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност.

Целта е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.

-Објавен е Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружувањето. Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите и евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат од МЗШВ.

Реклама

Барањата за користење на средствата се поднесуваат согласно пропишаните обрасци со целосна документација, а деталните информации, условите и формуларите за аплицирање се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.