Реклама

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Прилози

ОЈО отвори предмет за извозот на мозоци од Македонија за научни цели во САД – ќе испитува дали има елементи на кривично дело

Македонија отвара истрага за „извоз на мозоци за научни цели”. По информациите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија отвара истрага за „извоз на мозоци за научни цели”. По информациите дека примероци од мозочно ткиво од починати луѓе од земјата биле транспортирани во 90-тите години во САД за научно‑истражувачки цели, Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас. Ќе се истражува што точно се случувало, ќе се бараат информации од институциите, органите и болниците, за да утврдат дали имало незаконско работење со човечки ткива и биоматеријали. Истрагата треба да утврди дали семејствата на починатите лица дале согласност за употреба на ткивото, како и дали институциите биле запознаени и имаат одобрено ваков вид транспорт.

„Поради сериозноста на информациите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и потенцијални прашања околу усогласеноста со законските и етичките стандарди, Обвинителството ќе ги провери сите индиции за евентуално кривично дело кое се гони по службена должност“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Истрага за “извоз на молзоци” води и Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за здравство. И премиерот Мицкоски очекува истрагата на институциите да даде одговор на отворените прашања во јавноста.

Реклама

Министерот Азир Алиу смета дека мали се шансите за злоупотреби.

„Лично, не како министер туку како човек, ценам дека има многу малку простор за злоупотреби. Од другата страна се САД, земја со јасно дефинирани протоколи за биолошки материјал. Значи се работи за престижен Универзитет, а научникот е човек што е светско име и лично не верувам дека може да дозволи да има злоупотреби без јасно дефинирани протоколи“,рече Алиу.

За извозот на мозоци од починати пациенти во земјава за научни цели во САД, јавноста во земјава дозна од документите поврзани со Џефри Епстин кои ги објави американското Министерство за правда каде беше спомната соработката на негова фондација со универзитетот Колумбија кој користел мозоци од увоз од, како што стои, „малата балканска земја“ Македонија.

Во колекцијата од околу 1 000 мозоци имало мозоци од луѓе што извршиле самоубиство, но и контролни примероци.

Во текстот пишува дека мозоците од Македонија биле отстранети по смртта на одредено лице, биле веднаш замрзнати, транспортирани во САД за научни цели и правилно означени и архивирани.