Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Нула комуналии за младите до 35 години во општина Аеродром

Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.

– Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата, потенцираат од локалната самоуправа.

Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови:

Реклама

– Лица кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето;

– Да се жители на Општина Аеродром најмалку (2) години;

– Градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост;

– Објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби. Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет (10) години.

Ослободувањето од комуналии се однесува на:

– Изградба на нова индивидуална куќа;

– Доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување;

– Надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом.

Аеродром е општина што расте, се развива и создава простор за нови приказни, а ова решение претставува реален поттик за младите да го започнат својот животен пат тука, со сигурност и доверба во подобро утре, додаваат надлежните.