Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

НУ Центар за култура Битола домаќин на Фестивал на кинески филм

Националната установа Центар за култура Битола од денеска до 8 октомври е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Центар за култура Битола од денеска до 8 октомври е домаќин и организатор на првиот Фестивал на кинески филм во Македонија.

Свеченото отворање е закажано за вечер во 20 часот кога во големата сала на НУ центар за култура Битола ќе биде емитуван филмот  „Сонцето изгрева над сите нас“ (The Sun Rises on Us All),  кинеска драма од 2025 година во режија на Каи Шанџун.

-Ние сме горд домаќин на првиот фестивал на кинески филм во Македонија, настан низ кој публиката ќе има можност да запознае дел од современата кинеска кинематографија, преку осум филмови со различни жанрови и приказни, истакна Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура Битола.

Реклама

Филмските проекции ќе се реализираат претпладне во 11 и навечер од 20 часот, а влезот е бесплатен, нагласија од НУ Центар за култура Битола.