Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот констатирале вршење дејност превоз на скијачи со ратраци која била во спротивност со важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот. Според управата на паркот, операторот немал склучено договор и спогодба со нив, како што е предвидено со Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на Националниот парк Шар Планина и со Планот за управување со паркот. 

 -При теренските контроли, на државен имот, беше констатирано вршење на дејноста скијање со пет возила ратраци од страна на одреден оператор кој нема склучено договор, односно соодветна спогодба. Како директен резултат на овие контроли, веднаш беше преземена мерка за забрана на движењето на ратраците на операторите кои не ги исполниле законските услови, односно кои немаат склучено договор со институцијата за регулирање на вршењето на туристичката дејност во рамките на територијата на паркот, соопштија од ЈУ НП Шар Планина.

Тие во соопштението велат дека биле попречувани во нивната работа. 

Реклама

-За време на извршувањето на своите службени задачи, вработените на Институцијата беа попречени од операторот со движењето на ратраците, со што беше оневозможено спроведувањето на задачите предвидени со член 112 од Законот за заштита на природата. Нелегитимните постапки на операторот создадоа директен ризик за животот и безбедноста на вработените на Институцијата, со што се наруши нормалното функционирање на институционалните активности и почитувањето на законската регулатива. По настанот ќе биде поднесена пријава до Министерство за внатрешни работи и до Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање, информираат од Националниот парк. 

Институцијата ја потсетува јавноста дека вршењето на дејноста скијање со ратраци во Националниот парк Шар Планина е дозволено исклучиво во зоните определени за активно управување, надвор од зоната на строга заштита, и само во целосна согласност со законските и договорните услови.

-Со договорниот однос се воспоставува јасен режим на движење, надзор и одговорност на операторите, со цел ограничување на влијанието на моторизираните активности врз чувствителните живеалишта, зачувување на биодиверзитетот и заштита на еколошката рамнотежа на паркот, велат од НП Шар Планина. 

Од таму велат дека Ренџерската служба на Јавната установа Национален парк Шар Планина ќе продолжи со редовни и интензивирани теренски контроли, како и со преземање законски мерки за секоја утврдена повреда, во согласност со надлежностите утврдени со Законот за заштита на природата.