Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Новогодишна еуфораија во Охрид – Градот како бајка

Во последните часови од годинава што изминува, Охрид дише тивка магија, градот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните часови од годинава што изминува, Охрид дише тивка магија, градот блеска како спомен што не се заборава. Како никогаш досега, празничниот амбиент внесува чувство на спокој и радост, како кај гостите, така и кај охриѓани. Нашиот туристички центар наликува на светска метропола, а во него уживаат, покрај домашните, и гостите од опкружувањето.

– „Слушнавме дека тука е евтино и дека има добра забава. Првпат сме овде, нè има седуммина и ќе останеме четири дена, а ќе славиме во еден ноќен клуб. До тогаш уживаме во прошетката покрај езерото и ни е убаво; Оваа убавина нема пари со кои може да се плати, Охрид е волшебен. Од Бугарија дојдовме 150 луѓе со три автобуси. Нас политиката не нè интересира, важно е да сме ние, како два различни народа, обединети; Многу е убаво, ќе прославиме буквално каде што ќе нè одведат нозете; Ние сме Италијанци, овде сме веќе три дена. Охрид пријатно нè изненади, не очекувавме олку убавина на едно место, бидејќи не знаеме многу за градот“ – велат туристите.

Ниту студеното време не ги поколеба вљубениците на Охрид да уживаат во неговите убавини. Врие шеталиштето, плоштадот и чаршијата со насмеани, ведри лица. Достоинствено и топло, градот зрачи со празнична убавина. На плоштадот сè е подготвено за најлудата ноќ, каде ќе се веселат и охриѓани.

Реклама

„Во домашен амбиент, малку на плоштад, можеби и дома. Како ви се допаѓа амбиентот? Фантастичен, како и секогаш, Охрид ни е преубав. Годинава е посебно украсен, дали може да се носи со европските метрополи? Не само што може да се носи, туку мислам дека сме и на врвот“ – велат охриѓани.

Хотелско-угостителските објекти бележат 85 % исполнетост, а се работи претежно за тридневни аранжмани. Србите и Бугарите буквално го преплавија Охрид.

„Се надевам дека овие празници ќе поминат во убав ред, дека градот ќе има добра понуда и дека сите гости кои ќе го посетат градот ќе имаат убав помин во Охрид. Гостите кои го посетуваат Охрид се оние гости кои што самата понуда ги бира“ – вели Орхан Челик, туристички работник.

На гостите нема да им недостига забава. На градскиот плоштад, во преубавиот езерски амбиент, во новата 2026-та година ќе нè внесат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески и Ефто Пупиновски. Секој што ќе се затекне во Охрид овие празнични денови, нашите сограѓани срдечно ќе го поздрават и, од оваа убавина, и покрај сите грижи, ќе му посакаат: здравје, среќа, љубов, душевен мир и благосостојба.