Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Ново урбано јадро добива населбата Радишани, инвестиција обезбедена преку Министерството за транспорт

Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.

– Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 квадратни метри, во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со реализацијата на проектот се создава ново урбано јадро, кое ги обединува функциите на плоштад, парк и пешачка зона, наменети за секојдневно користење од сите генерации – објави премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Во рамките на проектот, како што посочува, е предвидено поплочување на јавните површини со квалитетни материјали, изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување со зелени површини, како и поставување урбана опрема, осветление и содржини за одмор, рекреација и социјална интеракција.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк: