Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Ново дипломатско достигнување: Безвизен режим со ОАЕ!

Одлуката на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да овозможат безвизен режим за македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да овозможат безвизен режим за македонските државјани претставува значаен дипломатски успех и резултат на интензивната и насочена надворешна политика на Владата. Оваа мерка стапува на сила веднаш по официјалната посета на владината делегација на ОАЕ, која се одржа од 14 до 17 април.

Според соопштението од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, укинувањето на визите претставува прв конкретен резултат од таа посета и е почеток на процес на продлабочување на односите со еден од најбрзо растечките економски центри во светот.

Со оваа одлука, македонските граѓани добиваат полесен пристап до еден глобален пазар, додека за младите претприемачи, студенти и инвеститори се отвораат нови можности за соработка, едукација и развој надвор од границите на Европа.

Реклама

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја гради надворешната политика врз принципи на економска соработка, иновации и отвореност кон нови партнери. Безвизното патување е само почеток на еден поширок стратешки дијалог со Обединетите Арапски Емирати,“ се наведува во соопштението на партијата.

ОАЕ, како водечки регионален економски центар со значајно влијание во енергетиката, инфраструктурата и финансиите, претставува клучен партнер во рамките на новата македонска дипломатска ориентација која се фокусира на резултати и практична соработка.