Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Новите когенеративни гасни централи ќе донесат стабилна струја, топлинска енергија и почист воздух – потпишан Меморандумот со „Казанџи Холдинг“

Развој на нови капацитети на струја, дистрибутивна мрежа за природен гас, нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Развој на нови капацитети на струја, дистрибутивна мрежа за природен гас, нови можности за индустријата, нови работни места – се отвора патот за стратешки проект во енергетиката, кој ќе не приближи до енергетска независност и стабилност.
Премиерот Христијан Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг“ Шабан Џемаил го потпишаа Меморандумот за разбирање најавувајќи инвестиции од една милијарда евра. Турската компанија ќе ги гради когенеративните гасни централи кои покрај производство на електрична енергија ќе произведуваат и топлинска енергија со која би се загревале домаќинствата во Македонија.
Според шефот на Владата, со Меморандумот се испраќа јасен сигнал дека земјава има волја и план да го обезбеди својот енергетски суверенитет, како и да го заштити економскиот интерес на долги патеки.

Проектот предвидува три главни компоненти: Развој на нови капацитети за производство на електрична енергија; Изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас; Како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас. Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата. Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици, рече Мицкоски.

Претседавачот „Казанџи Холдинг“ Шабан Џемаил вели дека проектот е веќе готов. Се чека уште едно истражување по што ќе може да се почне со реализација.

Разговорите за овој проект се започнати многу одамна. Проектот е веќе готов и сега ќе се направи едно истражување, по што овој проект од една милијарда евра ќе почне со реализација. Овој развој на новите енергетски системи ќе биде под надзор на голем професионализам и се надевам дека ќе направиме голем чекор кон напредокот на енергетиката. Ова ќе биде еден стратешки центар на Балканот, рече Џемаил.

Изградбата на когенеративните гасни електрани ќе помогне во борбата против аерозагадувањето како едно од ретките трајни решенија за проблемот.

Реклама

Во игра се поголемите градови како Скопје, Тетово и Куманово, но и индустриските зони во другите градови. Според власта, интензивно се работи на подготовка на зоните за влез на нови инвеститори, а во тек се преговори и со други странски компании за ваков вид на инвестиции.