Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Новиот скандал на Гинекологија ќе се испитува – како дошло до скршеница кај новороденчето кое го криеле од семејството

Уште на самиот почетокот на годината, нов скандал го тресе македонското здравство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште на самиот почетокот на годината, нов скандал го тресе македонското здравство. Вистинска драма се одвивала изминативе три дена на “Клиниката за Гинекологија и акушерство“. Новороденче со скршеница на раката од неразјаснети околности било криено од родилката и семејството, пренсува порталот “Скопје1“.

Родилката Анета Дамјановска, која била породена на 31 декември, не можела да си го види бебето се до вечерта на 1 јануари оти докторите не и дозволувале. Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски.

„Бебето го немаше видено, само на кратко на пет минути. Сопругата го има фотографирано со скршена рака. Дојдовме да прашаме зошто не даваат да го видиме бебето и дури сега, после 24 часа ни даваат информација дека бебето е со скршена рака“, вели Дамјановски.

Реклама

Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе.

Директорката на клиниката за Гинекологија и акушерство, Викторија Јованоска во изјава вели дека неоткривањето на таков вид на информации е стандардна процедура и од тие причини на мајката не и било дозволено да си го види бебето.

„Детето првично немало оток. Мислеле дека е мускулна пареза, а кога се појавил оток веднаш била направена рендгенска снимка“, изјави директорката Јовановска.

Таа најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.