Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Нови шалтери, повеќе службеници, без гужви – Министерот Тошковски го реши хаосот со личните документи

Нови шалтери и повеќе службеници, без гужви и турканици – Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови шалтери и повеќе службеници, без гужви и турканици – Министерството за внатрешни работи целосно го реши хаосот со вадењето лични документи. Нема нервози, со часови стоење и чекање  за сликање – отворени реновинираните канцеларии на 1.300 метри квадратни, а до октомври се очекува комплетно обновување на целиот простор во зградите на МТВ.

Според министерот Панче Тошковски, МВР, освен што го среди хаосот со издавањето на лични документи, се стреми кон дигитализација и подобри услови.

  • Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата“, потенцираше министерот Тошковски.

До крајот на годината најмалку 6 илјади полициските службеници ќе добијат и нови униформи. Според Тошковски, во јавноста имало неуспешен обид за да се девалвира процесот за набавка на униформи, но како што вели вистината е поинаква.

Реклама
  • Во јавноста имаше обид да Еден од доказите е фотографија на која се гледаат полицајци – еден во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му… Срамота. Затоа решивме да ставиме крај на ова. Ова што полицајците го носат во моментов е катастрофа. Осум години не е набавена нова униформа. Тоа не е само слика за еден пропуст, туку за целосен игнорантски однос кон оние што секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните. Но, ние сме тука да го смениме тоа. Сѐ што можеме да направиме – ќе направиме“ – порача министерот.

МВР од први јануари во функција ќе го стави и системот Сејфт Сити. Законските измени се во владина процедура откако претходно беа ставени на ЕНЕР и имаше можност за корекција и предлози. Откако ќе поминат на владина седница, влегуваат во собраниска процедура, а според најавите оваа есен ќе има пробен период односно тестирање на системот кој ќе регистрира сообраќајни прекршоци.