Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Нови протести кај Плетвар, во Битола и Кичево

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар поради протест со кој се бара укинување на законските одредби со кои се одзема воилото при возење без возачка дозвола. Протестот е на прилепските граѓани од ромска националност.

– Ова е мирен протест. Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Да не се одземаат возилата. Нека се казнува за возење без возачка ама како досега, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда, не само на Ромите, туку и на другите граѓани од други националности, рече Ерсад Решидоски од Прилеп.

Протестот иако беше најавен со блокада на патот Прилеп – Градско кај Плетвар е прекинат и сообраќајот е нормализиран. Граѓаните најавија секојдневни протести додека не се сменат законските одредби за казнување